Welcome in Forum!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 љубовни (животни) приказни...

Go down 
АвторПорака
Bond Girl
Admin
Bond Girl


Број на мислења : 399
Join date : 2009-08-01
Age : 31
Местолокација : Кога- каде:)

љубовни (животни) приказни... Empty
ПишувањеПредмет: љубовни (животни) приказни...   љубовни (животни) приказни... EmptyВто Мај 25, 2010 12:16 am

Тука пишувајте љубовни приказни.... :kiss:


Последната промена е направена од Bond Girl на Саб Aвг 28, 2010 4:19 am. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
https://opstforum.macedonianforum.net
Bond Girl
Admin
Bond Girl


Број на мислења : 399
Join date : 2009-08-01
Age : 31
Местолокација : Кога- каде:)

љубовни (животни) приказни... Empty
ПишувањеПредмет: Re: љубовни (животни) приказни...   љубовни (животни) приказни... EmptyВто Мај 25, 2010 12:20 am

Облаци од чад, тешката миризба на земјата која испарува....некое лажно чувство на љубов кон одредени силуети во ноќта. Толку луѓе околу а сепак сам, гласна музика која се помалце успева да ги придуши ударите на моето срце кое се обидува да ме напушти. Далеку но сепак толку блиску, толку до мене, на неколку чекори но далеку со очи и душа...мојот бран од размислувања го нарушува ТАА. Разнобојните светла се поигруваат со нејзината коса...како жив пламен го голта воздухот од мене и ме остава без здив. Нејзините очи продираат во мене...полека но сигурно ја чувствувам како само со поглед го зграби остатокот од мојата душа...и од сите нејзини парчиња, пламенот од нејзината искова нова реалност за мене. Свет разделен од темнината која не обвиваше и високо подигнат во облаците. Еуфорија и морници истовремено го посетија моето тело, ладна капка пот се стркала од моето чело и безмилосно падна на земјата. Звукот кој одекна мислев остана реален само за мене....но.....таа се штрекна како да го осети немирот кој си поигруваше со моите мисли. Нејзините чекори брзо ја изгубија патеката по која беа тргнале и сега како со магнет припиени стоевме еден до друг. Без зборови, без глас, одеднаш како двајцата да ја осетивме музиката која не опкружуваше и почнавме полека да се движиме. И самото ВРЕМЕ застана за да ги нагости очите од тоа нешто кое јас и ТАА го имавме. Љубопитни очи наоколу, насмеани лица...некои гледаа со презир...но ЈАС....ЈАС за прв пат во својот живот осетив нешто кое неможам да го пренесам со зборови...полека моите раце го допираа нејзиното тело кое се кршеше на придушената светлина и како 2 змии испреплетени сеуште наоѓавме начин да бидеме блиску а сепак далеку еден од друг. Мојот здив умираше на нејзиниот врат...Бев гол пред неа....иако облечен за сите други. Мојата гола душа си поигруваше со нејзината...моите очи го голтаа секој нов момент. Несвесен колку време помина вртејки се околу видов дека од сите луѓе присутни останале уште само 10ина. Првите зборови ме пресекоа:

- Здраво, јас сум Елена...и следеше најубавата насмевка што некогаш сум ја видел, смрзнат успеав само да проговорам...
- Мило ми е....аххх глупаку си реков...името кажи си го...иметоооо....врескав во себе а сепак бев така сталожен однадвор.
- Извини, јас сум Пане.

Ја фатив за рака како нешто најскапоцено, и ја одвлеков брзо надвор. Разговорот почна и наскоро повторно се чувствував како порано...доминантен и убедлив....но.....ТАА....само ТАА, сватив дека има моќ да ме направи да се осетам ужасно МАЛ во нејзина близина. Моето его полека се давеше во секој нејзин поглед, звук, мирис. Тоа што остана беа звуци од разговор во кој ЈАС си бев само ЈАС....мојата маска полека се стопи пред неа....се чувствував слободен....Месечината полека не ѕиркаше низ дрвата и одвреме навреме ги осветлуваше нашите лица....како ние да баравме да го впиеме секој нејзин одблесок од нашата кожа. Наеднаш полека тргнав накај НЕА...замре разговорот на нејзините усни и полека ги стави нејзините раце на моите рамена. Благо ја прилепив до себе и одеднаш почнавме да се бакнуваме како никогаш до сега, како ова да е првиот бакнеж...како денот потоа да нема да осамне. Нејзините нокти продираа длабоко во мојата кожа, од вратот надолу....слатката болка и преплетот чувства што го осетив можеше да го долови само ОНА. Полека се спуштив кон нејзиниот врат и ја бакнував нежно...а ТАА....ТАА како секое мое движење да го наградуваше со звук. Секоја светлина, секој зрак....успевавме да го украдеме и задржиме само за себе. Облеката како свила се лизна од нашите тела и останавме сами, голи....

- ГОЛ сум пред себе, пред тебе и пред месечинава....можам да ти ја дарам душава и големата празнина која ја пополнуваш...тивко прошепотив...потоа таа ги отвори усните и проговори.

- Замолчи малечок и остави го остатокот од ноќта да не гушка, зашто никогаш незнаеш што носи новиот ден.

Прегрнати, испотени...нашите тела сјаеја на небесната светлост која полека умираше во прегратките на зората која се црвенееше на истокот. Мојата муза....мистериозната девојка која ми го грабна срцето и исчезна во далечините....никогаш повеќе не ја видов. На почетокот на секој ден ги отварам очите и зјапам во Сонцето кое само тие неколку мига се дружи со Месечината и тивко во себе прошепотувам:

- Каде и да си....што и да правиш....чувај го моето срце блиску до твоето...и нашиот МОМЕНТ вечно ќе ЖИВЕЕ.



***Ова т.н приказна е лично напишана од моја другарка од Охрид Smile) :happy:
Вратете се на почетокот Go down
https://opstforum.macedonianforum.net
Bond Girl
Admin
Bond Girl


Број на мислења : 399
Join date : 2009-08-01
Age : 31
Местолокација : Кога- каде:)

љубовни (животни) приказни... Empty
ПишувањеПредмет: Re: љубовни (животни) приказни...   љубовни (животни) приказни... EmptyВто Мај 25, 2010 12:22 am

" ... Моето име не е важно.
Тогаш имав 26 години. Бев многу успешен, при крај со студиите, со хонорарна работа која ми носеше повеќе пари за џепарлак од што ми требаа. Спортував и добро изгледав. Посебно бев горд на плочките на стомакот, на кои долго работев после болното раскинување на долгата врска.

Мојата девојка беше слатка, витка и многу пријатна. Друштвото ја обожаваше. Повремено работеше и беше последна година на економија. Фино се сложувавме. Сексот беше одличен.

Тогаш имав многу хобиа. Бев доста друштвен и сакав да си удоволувам на секој начин.

Имав најдобри другари кои можат да се посакаат. Толку бев горд на нив што ако некој ме прашаше што е највредното нешто што сум го постигнал, би одговорил : другарите.

Односите со родителите ми беа одлични. Посебно бев горд на својот брат кој можеби не сакаше да учи, но израсна во одличен човек.

Се` на се` бев млад, успешен и перспективен дечко. Секогаш насмеан, со само еден белег на душата од раскинувањето на долгата врска. Но и белегот се излечи, па почна да ми делува позитивно. Девојките во моите очи гледаа дека пред нив имаат искусен дечко. Исто така и мудроста која ја стекнав бодејќи се за себе тие неколку месеци после раскинувањето, почна да се слуша во секој мој збор. Бев посмирен и точно знаев што сакам од животот - да го живеам.

И токму тоа го правев.

Елена ја запознав на море.
Беше права мала експлозија на убавина, долга плава коса, зелени очи, секогаш во лепршави фустанчиња со весели бои од кои и се гледаа совршените нозе.
Од сите приказни на околните момци, мојата беше најинтересна. Неколку ноќи се гледавме во кафичот на плажата, игравме, се смеевме и третата вечер се бакнавме. Таа вечер толку диво и лудо водевме љубов помеѓу карпите на плажата, што имав модрици по цело тело. Морам да признаам дека со девојката со која тогаш бев во врска неколку месеци, таков вид на страст не постоеше. Можеби постоеше на почетокот, сега веќе не се сеќавам.

Елена беше апсолвент. Исклучително негувана, миризлива коса и нереално бели и здрави заби. Мирисот на нејзината коса и нејзините течности просто повикуваа на грев. Се сеќавам дека можев само да лежам на кревет или во када и да се самозадоволам само со присетување на нејзиниот мирис.
Со еден збор, чудо од девојка.

Повторно се среќававме во истиот кафич и само загонетно се смешкавме. Ми годеше таа мистерија.

Не разменивме ни телефони, ни никаков друг контакт. Не ни требаше. Тоа беше совршен момент и тоа е тоа. Искусен, го знаев тоа, а очигледно и таа.

Неколку вечери подоцна се вратив дома. Со тогашната девојка одма раскинав. Едноставно, долго време ме пратеше имиџот на дечко кој ги изневерува своите девојки, па без оглед што не ме интересираше тоа дека бев со чиста совест, искуството од другите врски ме научи дека девојките гледаат многу работи, а уште повеќе претпоставуваат. На крај, не сакав да ја продолжам врската со лага. Не ми беше тешко да измислам некоја причина за да се разделиме колку-толку нормално.

Дека сум заразен со ХИВ вирусот дознав случајно, додека давав крв. Ете, сакав да направам некое добро дело и некому да спасам живот. Испадна дека можам да одземам. За среќа, неколкуте врски после Елена имаа услов: секс со презерватив. Не поради болести, туку поради несакана бременост. Девојките понекогаш имаат среќа ... понекогаш не.

Ништо повеќе нема смисла. Зошто да завршам факултет? Зошто тие малку денови кои ми преостануваат да ги поминам во учење, кога тие предмети и така не ме интересираат?

Одам на море, се зезам, излегувам.

Понекогаш паѓам во депресија кога ќе видам некоја слатка девојка за која мислам дека можам да ја освојам. Но не, не дозволувам ни бакнеж.
Не сакам уште некој да плаче над жолтата хартија на која пишува "позитивен".

... и така. Вирусот не е активен сеуште, со други зборови сеуште водам нормален живот. Никој не знае, а и крв давав под лажно име. Ако ме прашате зошто дадов лажно име, нема да можам да ви одговорам - но, како да знаев.
Ми јавија на мобилен, припејд број кој не е регистриран. Бев уште еднаш, да се осигураат. Беа сигурни, не е тоа работа во која се греши.

Како знам дека е Елена?

Давав крв и пред неа.
После ја побарав, преку факултетот.
Починала пред три месеци, но не од сида, туку од запаление на белите дробови. Запалението ја убило бидејќи нејзиното тело измачено од вирусот, неможело повеќе да се бори. Нејзините родители кои ми го кажаа тоа, беа скршени. Борбата со болеста ги исцрпила до крајни граници. Бев сигурен дека нема и моите родители да ги вовлечам во таква ситуација.
Не знам дали знаела тоа лето дека е заразена. Не е ни важно. Сеќавањето на тој совршен секс ќе ми трае додека сум жив. Единствениот проблем е што тоа нема да трае долго ...

И да. Сите мои успеси, воодушевувањето кон другите поради добри девојки и пари, сега не ми значат многу. Никому не смеам да кажам и внимавам никој да не дојде во контакт со мојата крв. Немам ни секс. Немам ни девојка. Немам ни интерес за некакво хоби или спорт. Едноставно, седам и чекам да се случи.

Постојано му кажувам на брат ми зошто е добро да се носи презерватив со себе. Никогаш нема пари за нив, но јас му ги купувам и му ги ставам во џеб, скоро секојдневно. Малку чудно ме гледа поради тоа, но ќе преживеам ... мислам, неговиот поглед.

Само за едно жалам. Знаете за што нели?

И доста важно: имав многу девојки. Многу секс. На ниеден не се сеќавам. Ако ме прашате сега, би го дал цел тој секс, дури и да останам невин до 27 години, само да сум здрав.
Да се откажеш од еден секс поради остатокот на животот, кога немаш презерватив при рака, потполно е логично!

Незнам што ми беше тој ден, бидејќи се` знам за сидата, а знаев и пред тоа.

Ако извлековте нешто од мојата приказна, фино. Ако не, тогаш сте будали како мене. Можете да се нервирате, да пцуете или да плачете - на крај ќе седите, ќе гледате бледо во далечина и ќе се прашувате зошто баш вие ... "





*Ова е само Животна приказна... (многу е поучна, се надевам ќе разберете и научите нешто) ја најдов од еден сајт... гламстикSmile (така мислам дека се вика)
Вратете се на почетокот Go down
https://opstforum.macedonianforum.net
Bond Girl
Admin
Bond Girl


Број на мислења : 399
Join date : 2009-08-01
Age : 31
Местолокација : Кога- каде:)

љубовни (животни) приказни... Empty
ПишувањеПредмет: Re: љубовни (животни) приказни...   љубовни (животни) приказни... EmptyПет Aвг 27, 2010 5:08 am

...Некој ке ти го украде срцето...Ке те здоболи...Ке те повреди, нема да помисли на твоите чувства...Ке ти даде еден поглед, ке те гушне, ке те бакне...Ке ти каже ТЕ САКАМ...И ке се изгуби во просторот каде се е забрането дури и нашата љубов...И ке се прашаш...ЗОШТО секогаш ги сакаме погрешните луге...Ке го сакаш тоа што неможе да го имаш...Ке патиш за него, ке сонуваш за него...Ке мислиш на него...Ке го сакаш обично...И ке го направиш совршено за тебе...И ЗОШТО секогаш ги сакаме погрешните луге...ПОНЕКОГАШ ке седнам да размислувам...Каде правиме ние грешки...Каде го кажуваме тоа ТЕ САКАМ...Дали е вистинито и точно тоа...Дали го кажуваме од срце...Дали мислиш дека сакаш да го докажеш...тоа ТЕ САКАМ...Дали е грев да сакаш нешто...некого...Да се бориш за него...Да ја бараш таа љубов...И тогаш...Некој ке ти го украде срцето, ке те остави без зборови...ПОНЕКОГАШ деновите, месеците, годините ја прават љубовта посилна...ама и послаба...Се судираат интересите на љубовта, доаѓа љубомората, посесивноста, себичноста...И целиот свет на љубовта ти се руши...Се што е градено со време, со денови, месеци и години го губиш она ТЕ САКАМ...Го повредуваш некој што ти значел...Го натеруваш да плаче, да пати, да страда...ЗАШТО ГО ПРАВИШ ТОА!? ...Ги проверуваш чувствата негови...проверуваш дали те сака, дали сака да е со тебе, дали мисли да биде со тебе...ЗАШТО ГО ПОВРЕДУВАШ ТОА што ти значи најмногу на свет...Што си се борел за него со денови, со минутки, со маки...да дојдеш до тоа да ти каже некој ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ НА ОВОЈ СВЕТ!!!...И ти тоа го ПОВРЕДУВАШ...Повредуваш нешто што е невино, што не треба да го повредиш и уништиш...да го натераш да ги пушти првите солзи на љубовта...да го натераш да ја презира љубовта...да го натераш да пати за неа, а да ја сака...ЗОШТО ГО ПРАВИШ ТОА!? Да натераш некој да страда, за да научи да сака...ЗАШТО секогаш бараме совршено нешто...ЗАШТО не бараме нешто обично и го направиме совршено...за миг...за моменти кои ке го хранат твоето срце...Понекогаш ке каже некој тешко е кога се сака...тешко е кога сакаш да сакаш...тешко е кога сакаш а не си сакан...тешко е да го најдеш тоа што го сакаш...но никогаш не е тешко да ја докажеш љубовта...никогаш не се труди да бидеш со некој што не го сакаш...што мислиш дека го сакаш...што се разликуваш од него...немој не го прави тоа, ги повредуваш другите, го уништуваш него/нејзе...а патиш за себе...ЗАШТО ДА НЕ ГО ПРАВИШ ТОА!? Секое живо суштество има потреба од љубов...права љубов...бараме да сакаме и сакаме да не сакаат...бараме да има некој да ти каже ТЕ САКАМ...бараме некој да те милува...бараме некој да не бакне, да биде со тебе, да чувствува со тебе, да сака да живее со тебе...бараме ЉУБОВ! НО секогаш ке се најде некој што ке ја скрши...љубовта ке го подели срцето на милион парчиња каде што се запишани спомени, бакнежи, моменти на среќа...и срцето повторно толку мало, скршено и повредено од љубовта пак е спремно да сака...ЗОШТО НИКОГАШ НЕ СЕ ОБИДУВАЈ ДА ПОВРЕДИШ НЕКОГО!? Понекогаш ке ти се насмее некој, ке те погледне, ке ти намигне, ке те понесе со себе, ке ти се допадне...ке бидеш со него/нејзе...момент еден, момент два...ке пробаш да го сакаш...ке го засакаш...ке бидеш со него...ке поминеш моменти на среќа и тага...ке сакаш да се смееш и плачеш со него...ке го тешиш и храбриш...ке посакаш нешто ново...и тогаш ке ја направиш љубовта омраза...тага...плач за неко срце...а ти сакаш ново...сакаш да пробаш нешто што е забрането за тебе...сакаш ново задоволство кое ке го плакаш со повреда нечие срце...за кое си одвоил време за спомени и моменти...си одвоил време за љубов...време да му кажеш ТЕ САКАМ...зашто ја правиш сегашноста минато, а иднината сегашност...ЗАШТО минатото го правиш тага...Книга со скината корица на која гласи: ЉУБОВТА Е БОЛКА...а иднината ја правиш среќа што си повредил некој за нешто ново...ја правиш среќа што си посакал момент на туѓа среќа...дали иднината ке ти ја пронајде среќата со тоа што ке повредиш некој што таму негде на некое место те мисли, сонува и се буди за тебе...ЗОШТО понекогаш љубовта не прави најсреќни, а понекогаш најнесреќни...ЗОШТО понекогаш правиме работи што ке не направат среќни, а понекогаш правиме работи што ке не направат најнесреќни...БАРАЈТЕ ЈА ВАШАТА ЉУБОВ...БАРАЈТЕ ЈА ВАШАТА СРЕЌА...БОРЕТЕ СЕ ЗА ВАШАТА ЉУБОВ...САКАЈТЕ СО СРЦЕТО И ДУШАТА...БИДЕТЕ СРЕЌНИ...Бидете со тој што ви ЗНАЧИ и напрајте го најсреќниот човек на СВЕТ...Подарете му ја ЉУБОВТА што ке го тера да живее за ВАС...Но НИКОГАШ немојте да го повредите неговото СРЦЕ...ЗАШТО е толку мало, толку многу сака и толку многу може да го повредите што ке страда...САКАЈТЕ И КЕ ВЕ САКААТ...ЉУБЕТЕ И КЕ ВЕ ЉУБАТ!!!
Вратете се на почетокот Go down
https://opstforum.macedonianforum.net
Sponsored content





љубовни (животни) приказни... Empty
ПишувањеПредмет: Re: љубовни (животни) приказни...   љубовни (животни) приказни... Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
љубовни (животни) приказни...
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Љубовни пораки ...
» Љубовни песни ...
» Љубовни писма
» Помошш.... Ми треба совет.....?!?!?!?!? (Љубовни совети)

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Welcome in Forum! :: Општи теми :: Љубов!!!-
Отиди до: