Welcome in Forum!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Љубовни песни ...

Go down 
2 posters
АвторПорака
Bond Girl
Admin
Bond Girl


Број на мислења : 399
Join date : 2009-08-01
Age : 28
Местолокација : Кога- каде:)

Љубовни песни ... Empty
ПишувањеПредмет: Љубовни песни ...   Љубовни песни ... EmptyНед Aвг 16, 2009 3:21 pm

Тука можете да пишувате љубовни песни, без разлика дали се напишани од вас или од некој друг ... А еве една авторска моја,ја пишував за еден другар ама малку е глупа али нема врска. А и сакам да ми дадете коментари Very Happy Very Happy Razz


Срце силно бие


1. Чудно чувство ме обзема,
доцна е ноќта почна да додева.
Мислам на тебе секој час,
и се надевам за нас ...


Реф. Срце силно бие,
љубов не се крие,
каде си, дојди до мене
со друг не губи време!!

2.Често губам свест,
и очекувам од тебе добра вест.
Ме сакаш кажи ми, и прекини веќе еднаш
со детски приказни !!!

Реф. ...... }2

ЧУДНО ЧУВСТВО МЕ ОБЗЕМА,
ДОЦНА Е НОЌТА ПОЧНА ДА ДОДЕВА ....


the end !!! Smile))


Последната промена е направена од Bond Girl на Саб Aвг 28, 2010 4:31 am. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
https://opstforum.macedonianforum.net
AnGeLaA

AnGeLaA


Број на мислења : 202
Join date : 2009-08-04
Местолокација : Илинден

Љубовни песни ... Empty
ПишувањеПредмет: Re: Љубовни песни ...   Љубовни песни ... EmptyВто Aвг 25, 2009 9:04 pm

не е моја ја најдов на нет

Барај ме

Барај ме кога зората ќе зазори
Кога сонцето ќе излезе на исток
Кога небото ќе биде плаво
Барај ме кога светот се буди
Кога јасминот се смее
Кога розата ќе ја почуствува росата
Барај ме во тажните мигови
Во детскиот крик
Барај ме во топлината на дрвјата што горат
Во квечерината што доаѓа
Во празната постела
Барај ме во рацете на вештиот уметник
Во неговите бои
Во неговото дело
Барај ме во разговорот на двајца млади
Во нивниот бакнеж
Барај ме кога старите дрвја
ќе се збогуваат од нивните лисја
кога тие ќе паѓаат по скопските улици
барај ме кога ќе нема никој
кога ќе бидеш сам
кога ќе ја осетиш раката на осаменоста
барај ме во нејзините очи
ако таа биде во твоја близина
зошто секогаш беше кога ми беше потребен
барај ме во нашите солзи
во стариот парк каде што нашата љубов заврши
барај ме во денов што трае и тој по него
барај ме пред топлиот праг
кај затворената врата
барај ме во ладната ноќ
кога звездите ќе ги бројат твоите чекори
барај ме секаде каде што ќе ја видиш мојата љубов
само немој да бараш да те заборавам
во тоа нема да успеам,
едноставно барај ме
во есента што доаѓа.
Вратете се на почетокот Go down
Bond Girl
Admin
Bond Girl


Број на мислења : 399
Join date : 2009-08-01
Age : 28
Местолокација : Кога- каде:)

Љубовни песни ... Empty
ПишувањеПредмет: Re: Љубовни песни ...   Љубовни песни ... EmptyСаб Aвг 28, 2010 6:32 am

Живот без смрт!

Има ли ден
има ли час
има ли надеж за нас?
Има ли сонце што го грее светот?
Има ли време што го запира векот?
Има ли срце срце што грее,
срце што во срце живее?
Срце што од живот умира,
срце што љубов убива.
Има живот, живот што умира,
живот што надеж убива,
живот во очи сјај уништува.
Има ли сонце над небото сонце,
има ли небо во небото - небо?
Има ли око во око што гледа,
има ли поглед што скриено гледа?
Има ли тага во среќата тага,
среќа во тагата - тага?
Има ли живот без смрт,
смрт без животот крут?
Има ли живот без смрта во круг?
Има ли љубов без животта небесна,
љубов без желбата телесна.
Има ли срце што е камен,
има ли камен со срце во него.
Има ли човек што не заминал на небо?
Има ли срце што чука без животната смрт.
Има ли сонце што го огреало светот?
Има ли срце што повеќе те сакало на векот?
Има ли?
Кажи ми.
Има срце,
тоа е моето.
Моето без твоето - живот без смрт.


Ја најдов на нет. Прекрасна е!
Вратете се на почетокот Go down
https://opstforum.macedonianforum.net
Sponsored content





Љубовни песни ... Empty
ПишувањеПредмет: Re: Љубовни песни ...   Љубовни песни ... Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Љубовни песни ...
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Welcome in Forum! :: Општи теми :: Љубов!!!-
Отиди до: